Политика за приватност во однос на примени апликации за вработување во ТАРГЕТ ГРУП ДООЕЛ Скопје

1. Согласност за обработка на податоци 

Доколку се пријавите преку нашата веб страна (www.targetgroup.mk) за работна позиција во нашата компанија, изјавувате дека сте согласни да ги обработуваме сите Ваши податоци кои се содржани во Вашата апликација вклучувајќи ги и следните податоци: Име, презиме, адреса на живеалиште, телефонски број за контакт, e-mаil адреса, како и сите останати податоци наведени во Вашето CV и други придружни документи (доколку имате приложено такви документи во прилог на самата апликација). Вашите податоци ќе бидат избришани од наша страна по истек на една година од поднесување на апликацијата, освен ако не сте дале согласност да ги задржиме податоците во нашата база во период од три години од поднесување на апликацијата за да можеме да направиме споредба на Вашиот профил со отворените работни позиции во наведениот период.

2. Обработка на Вашите податоци од трета страна 

Во случај да ангажираме трета страна за обработка на Вашите податоци, ТАРГЕТ ГРУП ДООЕЛ Скопје и понатаму ќе остане одговорен за приватноста на податоците кои што сте ни ги дале во процесот на поднесување на апликација за работна позиција во нашата компанија. Трета страна за обработка на внесените податоци ќе користиме само доколку имаме писмени гаранции или обврзувачки интерни правила за приватност на податоците со третата страна која ќе биде одбрана да врши обработка на податоците.

3. Причини за користење и обработка на Вашите податоци 

Вашите податоци кои што сте ги внеле при аплицирање за работна позиција во нашата компанија ќе бидат користени и обработувани од наша страна со цел да провериме дали ги поседувате потребните квалификации за позицијата за која аплицирате. Дополнително, доколку сметаме дека сте квалификувани за конкретна работна позиција, Вашите податоци ќе ги користиме со цел да контактираме со Вас во врска со понатамошни чекори.

4. Права на апликантот околу податоците кои ги дава на користење на ТАРГЕТ ГРУП ДООЕЛ Скопје: 

  • Право на информација: во секое време може да побарате информација од нас во однос на тоа дали и до кој степен ги обработуваме Вашите податоци.
  • Право на корекција: доколку утврдите дека податоците кои што сте ги внеле во Апликацијата се нецелосни и неточни, можете да побарате од нас во секое време да ги корeгираме или да ги дополниме. 
  • Право на жалба: доколку сметате дека го прекршуваме Законот за заштита на личните податоци во процесот на обработка и чување на Вашите податоци, Ве замолуваме да стапите во контакт со нас со цел да ги разјасниме сите Ваши прашања.
  • Право на бришење: во секое време може ја повлечете дадената согласност и да побарате од нас да ја избришеме Вашата aпликација со придружните документи (доколку има такви) и споделените лични податоци доколку повеќе не сакате да бидете присутни во нашата база на податоци или доколку констатирате дека друго лице ја поднело Апликацијата во Ваше име.

Напомена: ТАРГЕТ ГРУП ДООЕЛ Скопје има право да ја избрише Вашата Апликација и сите пропратни документи и податоци без Ваша согласност, доколку тоа е побарано/одлучено од надлежен државен орган. За остварување на сите горепспоменати права, Ве молиме да ни се обратите преку електронска порака на следната е-маил адреса: humanresources@targetgroup.mk.

5. Права и обрски на ТАРГЕТ ГРУП ДООЕЛ Скопје во врска со добиените податоци 

ТАРГЕТ ГРУП ДООЕЛ Скопје има право да ги користи и обработува добиените податоци од апликантите само за службени цели во процесот на разгледување на апликации, регрутација и селекција на кандидати. ТАРГЕТ ГРУП ДООЕЛ Скопје е одговорен со податоците кои ги има добиено од страна на апликантите кои аплицирале за работна позиција кај него да постапува совесно и одговорно придржувајќи се до одредбите на позитивното законодавство на Р. Северна Македонија. Доколку имаме основано сомневање, ние го задржуваме правото да побараме од Вас да ни приложите дополнителна документација која ќе ни послужи да го потврдиме Вашиот идентитет (на пример: читлива копија од важечки документ за идентификација со фотографија и Ваш потпис). Веднаш по утврдувањето на идентитетот копијата од документот за лична идентификација ќе биде уништена од наша страна.

6. Стапување на сила на Политиката за приватност

Оваа Политика за приватност стапува на сила од 22.08.2022 година и истата има важност додека истата не биде укината или заменета со нова од страна на управителот на ТАРГЕТ ГРУП ДООЕЛ Скопје.