20 сеп 2020

Credit Information Systems (CIS) by Target Group DOO Skopje

Credit Information Systems


Платформата CIS поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) започна со финално тестирање (бета верзија) пред да биде целосно активна за корисниците. Платформaта овозможува нарачка на бонитетни извештаи за компании од светот. Моментално се достапни бонитетни извештаи за компании од повеќе од 80 држави. Клучната предност на платформата CIS се брзата онлајн нарачка, ниската цена во споредба со конкурентите на пазарот и квалитетот на извештаите. Платформата CIS ќе понуди на пазарот бонитетни извештаи обезбедувајќи најквалитетни информации за нивната тековна ликвидност, солвентност, платежна дисциплина, податоци за сопственичка и управувачка структура и многу други корисни информации за носење паметни деловни одлуки. Платформата CIS наоѓа примена кај сите компании кои имаат потреба да го проверат работењето на сите сегашни и идни бизнис партнери од странство, добивајќи брзи извештаи за носење паметни деловни одлуки.

За повеќе информации контактирајте не на 02/3117-100 или пишете ни на info@targetgroup.mk

Новост