18 мај 2020
На веб платформата со бонитетни информации БизнисМрежа.мк достапни се новите модули: Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Овие модули ќе им овозможат на сите македонски корисници да имаат брз и едноставен пристап до бонитетните информаци за сите сегашни и идни бизнис партнери од регионот. Брзо, едноставно и со само еден клик се овозможува увид во сопственичката, управувачката структура, финансите за последните 5 години, блокади на сметка, меници, судски спорови на сите регистрирани компании од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора. Овие модули се наменети за сите македонски компании кои имаат деловна соработка со бизниси од EX YU регионот со цел носење паметни деловни одлуки.
Новост