Што е всушност смарт дата?

Податоците постануваат „smart“ кога водат кон добри одлуки. Кога ТАРГЕТ ГРУП говори за префрлување од „big data“ во „smart data“ подразбира земање на огромна количина податоци со цел испорака на точни информации и правилни анализи во право време. Тоа на Вас Ви овозможува носење на паметни одлуки и остварување на добри бизнис релации.

За нас

Како Smart data може да му помогне на работењето?

Повеќе информации и знаења за своите клиенти можат да Ви помогнат да се заштитите од можни измами и да се фокусирате на добро работење со вистинските клиенти. Податокот за годишниот промет на компанијата не дава целосна слика за нејзината куповна моќ и кредитна способност. Комбинацијата на повеќе релевантни извори на податоци Ви овозможува да го урамнотежите својот ризик и да ги зголемите своите приходи.

Прецизното таргетирање на потенцијални клиенти на Вашата компанија и овозможува прилагодување на понудата. Традиционално, таргетираниот маркетинг се бори за пронаоѓање на веродостојни информации. Сега е возможно да ги запознаете поединците позади бројките, да дознаете за што се заинтересирани и како изгледа нивното потрошувачко искуство.

Постои правило дека 80% од продажбата доаѓа од 20% купувачи. ТАРГЕТ ГРУП може да ја сегментира Вашата база на клиенти така што ќе можете јасно да видите со кои клиенти треба да ги развивате односите, а со кои треба да прекинете соработка.

Каква е веројатноста Вашите добавувачи да банкротираат во текот на наредните неколку месеци? Smart data може да Ви даде увид во иднината и да и помогне на компанијата да ја пренесе правилната порака во вистинско време.

Производи