Овозможуваме паметни деловни одлуки

Во постојаното менување на светот со дигитални информации некои гледат предизвици и ограничувања. Ние во ТАРГЕТ ГРУП гледаме неограничени можности да помогнеме. Повеќе од 20 вработени професионалци секојдневно ги толкуваат, интерпретираат и подобруваат податоците кои се основа за носење деловни одлуки на нашите клиенти. ТАРГЕТ ГРУП Ви го олеснува деловниот ден преку испорака на илјадници важни информации за донесување одлуки. Секојдневно доставуваме информации до компании, општини, банки, владини агенции и различни организации.

  • Проширете го Вашиот бизнис со одлуки засновани врз вистинските информации.
  • Оптимизирајте ги ризиците со строга анализа.
  • Зголемете ја точноста на Вашите маркетинг кампањи.

Со решенијата на ТАРГЕТ ГРУП пристапувајте до ажурирани информации и донесувајте одлуки кои се темелат на точни податоци.

За нас

Мисија


Да обезбедиме пристап до високо квалитетни деловни информации и да помогнеме на нашите клиенти да одржат стабилен степен на ризик, да го зголемат својот профит и да помогнеме при донесување на квалитетни деловни одлуки.

Визија


Да станеме доверлив партнер во дистрибуција на деловни податоци на глобално ниво.

Цел


Да Ви го олесниме работењето и да Ви обезбедиме сигурност во работата како експерти во областа на управување со деловни податоци.

Решенија

Сигурност на податоците

Секој ден управуваме со голема количина на податоци со кои постапуваме исклучително внимателно.

Приватноста и сигурноста на податоците се од голема важност за нас и нашите клиенти. Нашата работа се одвива според строго дефинирани процедури и механизми за контрола.

Ние располагаме со сигурни информациски системи и ги следиме законите, правилата и прописите за управување со податоци.

Кои сме ние

Што работиме?

Ги поедноставуваме Вашите деловни одлуки.

Сите понекогаш имаме потреба од помош при носење на одлуки. Ние во ТАРГЕТ ГРУП сме специјализирани за деловни и маркетинг податоци. Ние ги слушаме Вашите потреби и Ви даваме точни и важни информации што се основа за Вашите бизнис одлуки.

Секој ден поединци, организации и компании создаваат огромни количини на податоци. Во ова богатство на податоци важно е да имате партнер кој ќе може да ги извлече вистинските информации за Вас.

Ние имаме знаење да здружуваме и анализираме податоци со највисок квалитет. На овој начин добиваме важни информации кои Ви нудат поддршка и помош во донесувањето на одлуки.

ТАРГЕТ ГРУП има пристап до податоци за повеќе од 100 милиони компании во повеќе од 100 земји од светот. Нашата соработка со партнерите од странство Ви овозможува да имате увид во работењето на команиите од Европа, Азија, Австралија, Африка и САД.

За нас

Тимот на ТАРГЕТ ГРУП

Огнен Огненоски

Основач, управител


Бојан Џиков

Основач, управител


Марија Јованоска

Администрација и правни работи


Александра Трајчевска

Финансии


Јована Мисајловска

ИТ


Фросина Мирчески

Продажба


Елена Цветкова

Продажба


Сандра Богдановска

Продажба


Кристина Дичоска

Продажба


Елена Бошковска

Продажба


Елизабета Крнческа

Администрација


Нашиот тим

TАРГЕТ ГЛОБАЛ (Target Global) Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој

ТАРГЕТ ГРУП членка на Adria Business Information Network

За нас